Македонија
14. January 2017 - 22:51

Груевски со семејството на промоција на Антологијата на светската поезија и на македонската литература за млади и деца

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со сопругата Боркица и ќерките Анастасија и Софија присуствуваше на промоцијата на Антологијата на светската поезија и на македонската литература за млади и деца која попладнево се одржа во МНТ.

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска му се заблагодари на Груевски за поддршката што ја добило министерството и издавачите за објавување на овие едиции.

gruevski semejstvo2

gruevski semejstvo3