Груевски: Следниот месец ново зголемување на постојаната и социјална помош за 5 %

На почетокот на јули, исплатата што ќе се добие за социјална парична помош ќе биде зголемена за 5 отсто, најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски .
-Уште кога се правеше буџетот во 2015 година за оваа 2016 година се предвидоа средства за зголемување од 5 отсто на социјалната помош. На почетокот на јули, исплатата што ќе се добие ќе биде зголемена за 5 отсто. Станува збор за околу 30 илјади семејства кои земаат различни видови социјална помош. До сега околу 62 проценти е зголемена социјалната парична помош во период на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Ова ќе биде едно ново зголемување, тоа беше ветено и сега се реализира, додаде Груевски.
Инаку наша главна и основна стратегија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, е колку што е можно повеќе привлекување инвестиции и охрабрување на домашните инвеститори за отворање на нови работни места.
-Најдобра социјална политика е политиката за отворање на нови работни места, и токму затоа невработеноста се намали, од 38 стигна на 24,5 отсто, потенцираше Груевски.
Ново на Сител
-

Дојава за бомба го испразни „City Mall“
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам
-

Обвинителството ќе бара лица кај кои се аплицирале недозволените ботокс и филери
-

Естетските корекции не се козметика
-

СДСМ обвинува дека владата на Мицкоски ја водат лажни патриоти со бугарски пасоши
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој ја кочи европската интеграција
-

Од отпад до „црно злато“: Рецепт за здрава Преспа
-

Итно да се преземат еврокодовите за поголема безбедност на градилиштата
