Груевски: Првиот круг помина во недемократска атмосфера со нерегуларности, изборите не се завршени
Првиот круг од локалните избори помина во недемократска атмосфера и беа креирани нефер услови во кои што се одвиваше изборната кампања. Во предизборието имаше физички пресметки, убиства, закани, притисоци. Од официјални државни органи имаше закани врз нашите кандидати за градоначаланици. Се креираше атмосфера на страв и заплашувања со кое се трудеа да влијаат на луѓето и нивната демотивираност, истакна вчеравечер претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Тој посочи дека полицијата била најголем заштитник и поддржувач на овие активности и ставена во партиска функција.
-Од многу страни добивме информации за огромен број обиди за директен поткуп на гласачи. Секако, продолжи и црната кампања, а скоро и да немаше ден да нема неоснована кривична пријава за некој наш кандидат за градоначалник или актуелен градоначалник. Денешниот изборен ден помина со бројни нерегуларности и кршење на изборниот законик. Беше узурпирање на државните ресурси, се вршеше притисок , имавме информации од многу места за поткупување на гласачи во сиот изминат период, а граѓани организирано се превезуваа на гласачките места. Има сериозни индиции и за манипулација со гласачките ливчиња, па така на повеќе места се појавуваат гласачки ливчиња од други општини, што отвора сомнеж за организирана кражба на гласови, истакна Груевски.
Тој посочи дека дури и медиумите објавувале за однапред заокружени гласачки ливчиња, дел од официјалниот изборен процес.
-За прв пат во историјата на Македонија, полициски џипови кружеа со партиски симпатизери на СДСМ во истите автомобили. Сето ова имаше свое влијае на изборниот резултат и овие нешта придонесоа за водство или некаде за победа на СДСМ. За сите нерегуларности ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе преставки и жалби до соодветните органи. Изборите не се завршени, а ВМРО е голема партија со голем број на симпатизери, поддржувачи и партиски членови, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Груевски истакна дека по завршување на изборите ќе следи анализа на истите.
-Ќе се анализираат сите аспекти на денешните резултати, со цел да се утврди покрај сите масовни нерегуларности, што друго од нашата страна беше недоволно добро или погрешно направено заради што не добивме подобар резултат на овие избори. Јас како претседател на партијата секако имам највисока одговорност за изборните резултати што и претходно го кажав. За сето тоа, за причините, за резултатите и идниот правец ќе се дискутира во периодот веднаш по завршување на изборите, вели Груевски.
Ново на Сител
-
Земјоделците од Иловица и Штука блокираа пат поради откупната цена на младиот компир од само 15 денари
-
Хируршките сали не работат со денови - Бесија Иљази од токсикологија забрани изјави за новинари
-
ССЗ против намерата за припојување на болницата во Лешок кон Клиничката во Тетово
-
Полиција и куп инспектори влегоа во забавниот парк во Карпош
-
Амбер Алерт: Кои чекори треба да ги преземете ако вашето дете исчезне?
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори