-->
-->
Груевски: Почнува темелна реконструкција на ГОБ „Св. Наум Охридски“
-->

Минатата недела се донесе одлука за отпочнување на тендерска постапка за темелна реконструкција на ГОБ „Св. Наум Охридски“, кај народот позната како стара градска болница која што деновиве започна како постапка, а некаде во текот на месец август се очекува да започнат градежните работи и да завршат до крајот на јануари, истакна денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање.
-Станува збор за многу темелна реконструкција вклучувајќи ги и операционите сали, интензивната нега, кровот, лифтовите, инвентарот во болничките соби. Се работи за една исклучително важна клиника која што е во строгиот центар на Скопје, во градското јадро, таа болница е многу значајна за граѓаните на Скопје, многу животи спасила, на многу луѓе помогнала, посочи Груевски.
Премиерот објасни дека според планот клиниката требало да се реконструира некаде во 2017 година, но по консултации со министрите за здравство и финансии изнајден е начин реконструкцијата да биде оваа година, а да заврши наредната година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Победа на животот над смртта, православните христијани го слават Велигден
-

Велигден ги исполни верските храмови во Охрид
-

Велигден во Пјаченца: Стотици Македонци се обединија во молитва и заедништво
-

Државниот врв го честиташе Велигден - воскресението Христово да биде поттик за уште поголемо разбирање
-

Велигден во Скопје во мирна и семејна атмосфера
-

Преглед на вестите од светот
-

Иран: Ормутскиот теснец е под наша контрола, бродовите мора да плаќаат такса
-

Прилепската болница за прв пат доби апарат за оптичка кохерентна томографија
