Груевски: Однесувањето на СДСМ ќе биде деструктивно, тоа ќе им се врати на 5 јуни
Однесувањето на СДСМ ќе биде деструктивно, со постојано барање некеков проблем, и таму каде што го нема, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
- Ќе се обидуваат да ги добиваат изборите онака како што досега се обидуваа да ја добиваат довербата на граѓаните - со фалсификати на пасоши, банкарски сметки... Со деструктивност од типот на измислување лажни афери, создавање привид како сега со избирачките списоци. Сето ова ќе им се удри од глава на 5 јуни, рече Груевски во Дневникот на Сител.
За разлика од СДСМ, рече тој, ВМРО-ДПМНЕ целиот период се занимава со компании кои ќе отворат нови работни места за граѓаните, со зголемување на извозот, со отворање нови фабрики, со начини како да се зголемат платите и пензиите, со 40-ина проекти за младите, со проекти за пензионерите и поддршка за земјоделците, со развивање на образовниот систем.
- Нашиот ментален склоп е тој - да создадеме нешто, да изградиме, да решиме проблеми, да оди земјата напред. Нивниот е колку што може некого да оцрнат со измислени афери, со конструкции, со лаги и со манипулации. Граѓаните треба да изберат меѓу двете варијанти, рече Груевски.
Ново на Сител
-
Дел од Карпош без вода, намален притисок во Трнодол, Жданец и Нерези
-
Мицкоски на увид на градежни активности на автопатот Кичево - Охрид
-
Се уште активен пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
САД привремено укинуваат некои санкции кон Русија пред состанокот во Алјаска
-
Зеленски ќе се сретне со Стармер
-
ЦУК: Активни два пожара, три под контрола
-
На ГП „Табановце“ се чека околу 15 минути, на останатите премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-
Вучиќ: Нема да има граѓанска војна во Србија