-->
-->
Груевски на „Фајнл фор“ во Келн- ќе го бодри Вардар на патот кон европскиот трон
-->

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ќе присуствува на завршницата од ракометната Лига на шампиони, популарниот „Фајнл фор“ кој викендов ќе се одржи во германскиот град Келн.
Груевски ќе биде дел големиот број Македонци кои викендов се упатија кон Келн, со цел да го бодрат македонскиот шампион Вардар, кој има историска можност да се закити се европската круна и да се искачи на врвот на ракометна Европа.
Откако испиша историја и стана првиот македонски машки клуб кој се пласирал на ракометниот фајнл-фор турнир од Лигата на шампионите, Вардар денеска го почнува настапот на најголемата ракометна клупска смотра во Келн.
Противник на Вардар денеска во полуфиналето е силната Барселона која е благ фаворит на денешниот меч, но Вардарци знаат дека ако одиграат на највисоко ниво, без респект кон противникот, со цврста одбрана и ефикасен напад можат да дојдат до големото финале.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ќе победиме со разум, Филипче: Рефрендум за уставни измени
-

Побаран притвор за Стефан Богоев
-

Савески: Предметот „Мазут“ е во фаза на одлучување
-

Обвинителството со докази за инспекциски надзори, според одбраната тие се нерелевантни за пожарот
-

Не работеле во Институтот за јавно здравје ама си точеле бензин со картичка од ИЈЗ
-

Антикорупциските закони добри само на хартија - само двајца функционери пријавиле подароци
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Преглед на вестите од светот
