Македонија
8. August 2016 - 20:14

Груевски, министри и градоначалници на терен во Лисиче, механизација го расчистува местото

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, заедно со министрите за внатрешни работи Митко Чавков и за транспорт и врски Владо Мисајловски, како и градоначалниците на Град Скопје и општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, во моментов се на терен и вршат увид на состојбата во населбата Лисиче, каде во страшното невреме беа поплавени околу 30 куќи.

Механизацијата е на терен и го расчистува местото од наносите на вода и калта.

Груевски, министрите и градоначалниците разговараат со граѓаните чии домови претрпеа најголема штета.

lisice poplavi2

Комисијата за проценка на штета веќе дојде во дел од овие куќи во населбата Лисиче, а во останатите ќе дојде на проценка во следните денови.

lisice poplavi3

Во разговор со граѓаните Груевски потенцираше дека на терен ќе биде пратена дополнителна механизација.

Жителите на Лисиче го посочија големиот проблем со каналот во близина на нивните куќи и им беше потенцирано дека каналот ќе биде исчистен, а проблемот ќе биде решен.

lisice poplavi4