Груевски: Ќе започнеме со изградба на нови 3 автопати и 6 експресни патишта!
Ветивме и спроведовме еднократен отпис на долгови, помогнавме да се отпишат долгови на над 15.000 семејства веднаш по изборите во 2014 како што ветивме. Ослободивме илјадници граѓани од 30 милиони евра кои требаше да ги платат, изјави на митингот во Валандово лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
-Започнавме и во длабока фаза сме во градба на три автопати, а во следниот мандат ќе започнеме со изградба на нови три автопати и тоа Скопје- Блаце, Кичево- Гостивар и Требеништа – Струга. Покрај тоа, ќе се градат и многу други експресни, регионални патишта, ќе има шест експресни со неколку членти, обнова на многу регионални. Изградивме и реконструравме над 510 километри регионална патна мрежа и над 750 километри локална патна мрежа. Пензиите во просек ги зголемивме за 70 отсто. Пред нас само се намалуваа пензиите, сега се зголемуваат. Најниската пензија ја зголемивме за 90 отсто, рече Груевски.
Ново на Сител
-

На бизнисот потребен му е стручен кадар, со знаења и вештини, не само дипломи
-

Анализа: Како да се намали бројот на кучиња скитници?
-

ЛКМ со историско катче кое содржи медицинска опрема од пред 100 години
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Тиват
-

Со помош на Светска Банка рехабилитирани 103км локални патишта - следува подобрување на хигиената
-

36 милиони денари за СКАДА систем во штипски „Исар“
-

Политички импулс без пресврт: Што носи Самитот ЕУ – Западен балкан?
