Груевски: Избори во секој термин, СДСМ ќе мора да даде потврда за ИС
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска имаше средба со германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл, на која се разговарало за повеќе актуелни теми поврзани со политичката состојба во државата, како и европските интеграции и активностите кои се превземаат за исполнување на високите критериуми, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
- Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски посочи дека партијата е посветена и работи на надминување на политичките предизвици, како и фактот дека деструктивното однесување на опозицијата нанесува штета на државата и никако не оди во прилог на надминување на актуелната состојба, стои во соопштението од партијата.
Груевски, како што се наведува, посочи дека е потребна конструктивност базирана на разумно однесување од кое полза ќе имаат граѓаните на Република Македонија кои посакуваат стабилизација и враќање на просперитетот и продолжување на економскиот развој.
- ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на патот кон реформите и напредокот, истакна Груевски
За ВМРО-ДПМНЕ, потецирал лидерот на партијата, избори се прифатливи во секој термин, но притоа нема да се дозволи државата и граѓаните повторно да бидат заложници на ново лицитирање со термини, како што тоа беше во изминатиот период.
- Во таа насока и со цел неоправдано да не се истакнуваат изговори за неодржување на избори, СДСМ ќе мора да даде потврда и да се обрзе дека избирачкиот список е прочистен, а во периодот кој следи посветено ќе работат на подигање на довербата во Избирачкиот список, иако тој за ВМРО-ДПМНЕ никогаш не бил спорен сегмент, изјави на средбата Груевски.
Во однос на интеграциските процеси, Груевски подвлече дека активно се работи на исполнување на акцискиот план за итни реформски приоритети при што се изготвуваат повеќе предлог законски решенија и нормативи кој ќе бидат предложени во многу кус период.
Груевски истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ врвен интерес е напредок во интеграциските процеси како и спроведување на интензивната реформска агенда која подразбира дополнително унапредување на состојбите и критериумите во повеќе општествени области, согласно препораките на Европската Унија.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на средбата со Хајндл истакнал дека ќе се продолжи и со реформите и реализација на проектите кои се ветени пред граѓаните, со цел подобрување на стандардот и напредок на државата.
Ново на Сител
-
Внука со нож се обидела да ги убие сопствените баба и дедо во Битола
-
Скалони за ремито со Колумбија: Беше добар тест
-
Кулибали по победата над Англија: Ова е историски момент за Сенегал
-
Нова сезона на АТЛ започнува од Охрид
-
Советот на Европа ја повика Словенија да го признае хрватскиот јазик како малцински јазик во земјата
-
Го охрабрувам Обвинителството да работи на откривање нови одговорни лица за пожарот во Кочани, порача Мицкоски
-
УНИЦЕФ повикува на поголема вклученост на татковците во активности на учење преку игра
-
При претрес во Штип пронајдена дрога