Груевски и Заев се скараа преку социјалните мрежи
Екс премиерите Груевски и Заев во вербална војна преку социјалните мрежи .
Груевски преку ФБ го обвини Заев за дволичност, додека во јавноста се претставува како силен поддржувач на Украина и западните политики, во позадина, преку свои фирми, со години купувал евтин челик од Русија, а со тоа – според него – индиректно придонесува за финансирање на руската економија во време на санкции.
- За време на владеењето на СДСМ Македонија донираше голема количина оружје на Украина набавено од пари од буџетот на Македонија кој се полни од даноците кои ги плаќаат сите граѓани. Но, во позадина, “ербап-европеецот” спремен да прати туѓи деца на фронтот, на големо во стотици милиони рубљи секој месец врши трговија со руско железо и челик, односно купува евтино железо од Русија, чија цена е пониска заради силните западни санкции кон Русија, и прави зделки во кои сите имаат заработка, и продавачите од Русија и купувачот фирма на Заев, пишува Груевски и тврди дека Филипче знаел за тие активности, а „златна виза“ во Дубаи добил не како лекар, туку како инвеститор со вложени над 550.000 долари – средства за кои, како што наведува, „не може да се објасни потеклото“ со лекарска плата.
Заев со жесток одговор - жеден да сум, Русија капка вода нема да ми даде, а камоли бизнис.
- Тебе навистина ти е досадно, нели?! Читам денес дека си почнал и да се разубавуваш:) Човеку, ти навистина не знаеш што да правиш со самиот себе.
Да ја одлежеше казната и да покажеше достоинство кон народот на Македонија, денес ќе можеше од тука, од Македонија, да зборуваш пред нашата јавност, наместо од бегство да пишуваш епопеи за кои тука се тера мајтап дека никој не може и не сака да ти ги дочита до крај. За разлика од тебе, којшто се капеш во украдените пари на граѓаните на Македонија, јас достоинствено работам и своето време и натаму ќе го трошам на работа.
За крај,
Се надевам и верувам дека ќе дојде денот кога ќе се појавиш во Македонија, а добро знаеш каде ќе треба директно да одиш, му возврати Заев.
Острата ретортика помеѓу двајцата поранешни премиери трае од 2015-та кога Заев почна со објавување на т.н. бомби кои резултираа со формирањето на Специјалното јавно обвинителство, што на Груевски му донесе повеќе обвиненија за злоупотреби на позицијата премиер.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
