-->
-->
Груевски до 8 ноември треба да се јави во затворот Шутка
-->

Поранешниот премиер и актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го добил упатниот акт за издржување на затворската казна за случајот „Тенк“.
Според информациите, на 8 ноември тој треба да се јави во затворот „Шутка“ во Скопје за да почне да ја издржува затворската казна од две години, откако скопска Апелација ја потврди пресудата на Кривичниот суд за набавката на луксузниот мерцедес.
Упатниот акт му е врачен на Груевски на денешното судење за еден од случаите на СЈО, по неколку неуспешни обиди да му биде доставен на домашна адреса.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Белорусија тврди дека нуклеарните вежби со Русија не се насочени против никого
-

Усвоени законски измени за полиција, внатрешни работи и радиодифузија во Собранието
-

Јаневска: Нема намалување на бројот на студентски стипендии
-

Вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени шест лица
-

Уапсени седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола
-

Советот на Европа: Македонските затвори умерено пренатрупани, земјата меѓу водечките по должина на изречените казни
-

Заради пожар на депонијата во Радовиш градоначалникот апелира да се избегнува непотребен престој на отворено
-

Се зголемува бројот на пациенти со инфламаторни цревни заболувања, клучни се превентивните прегледи
