Македонија
20. July 2016 - 17:59

Груби: Заменик министер во МВР од редовите на ДУИ по завршувањето на изборите

Заменик министерот во МВР од редовите на ДУИ по завршувањето на изборите ќе го превземе челното место во полицијата од кое ќе отстапи технички назначениот министер од редовите на СДСМ. Ваков договор паднал на денешните преговори, помеѓу четирите најголеми политички партии, информираше шефот на кабинетот на Али Ахмети, Артан Груби.
 
Груби рече дека партиите до 31 август ќе направат уште една проценка дали се исполнети сите услови за организација на изборите. Доколку се исполнат условите, Груби рече дека еден датум за избори годинава е 11 декември.