-->
-->
Груби во дводневна посета на Тирана
-->
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу
заедниците, Артан Груби денеска и утре ќе престојува во Тирана каде што ќе се сретне со државниот врв и лидерите на албанските политички парти, но и општествени дејци.
Како што соопшти неговиот Кабинет, тема на разговор на состаноците ќе биде билатералната соработка,
европската интеграција, пандемијата и процесот на Попис во Република Македонија.
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците во изминатите денови беше по посета на Приштина.
Груби, како што се наведува во соопштението, исто така ќе одржи посебни средби со претставниците на сите заедници во нашата земја во текот на неделата во врска со пописот на населението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дурмиши: И владината кошница ќе брои 4 члено семејство и ќе биде пореална од онаа на ССМ
-
Признание за Самарџиев
-
Преглед на вестите од светот
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција
-
Левица поднесе интерпелација за Коцевски
-
Прес конференција Европски фронт
-
Прес конференција земјоделство
-
Прес конференција мин. економија