Груби се откажа од учество во Комисијата за избор на работници од УБК

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби со допис соопшти дека поради, како што вели, преголеми други обврски не е во можност да учествува во работата на Комисијата за селекција и избор на работници од Управата за безбедност и контраразузнавање.
На денешната седница на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, пратеникот на ДУИ Груби, заедно со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Димков, беше предложен да учествува во работата на тоа тело.
-Во врска со заклучокот на Комисијата во кој сум предложен да учествувам во работата на Комисијата за селекција и избор на работници од Управата за безбедност и контраразузнавање, поради преголеми други обврски Ве известувам дека не сум во можност да учествувам во работата на оваа Комисија, пишува во писмото на Груби до претседателот на Собранието и до претседателот на собраниската Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.
Комисијата денеска ги избра членовите Димков и Груби кои, како што рече претседателот на Комисијата Трајко Вељаноски, се предложени по претходна консултација со политичките партии.
Ново на Сител
-

ССМ пред Владата ќе бара зголемување на минималната и сите останати плати
-

Средната возраст на населението во земјава 42,21 година, во ЕУ 44,9
-

Седница на Државната комисија за спречување на корупцијата
-

Трамп: Куба е банкротирана држава и треба да склучи договор со САД
-

Зеленски: Русија подготвува масовни напади врз украинската инфраструктура
-

Еден мртов и двајца тешко повредени во напад со нож во Сиднеј
-

Дожд, снег, засилен северен ветер и пад на температурите
-

Укината забраната за камиони на Стража и на патот Маврово - Дебар
