Груби – Ангелов: Конструктивен и интензивен дијалог помеѓу Скопје и Софија
Македонија и Република Бугарија ќе продолжат посветено да го имплементираат Договорот за добрососедство и да ја зајакнат соработката помеѓу двете земји во позитивна насока и со поголема волја за решавање на сите предизвици, истакнаа на денешнатра средба првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и бугарскиот абасадор, Ангел Ангелов.
Груби му се заблагодари на амбасадорот Ангелов за брзата интервенција на бугарските власти со цел целосно расветлување на трагичниот настан во кој животот го изгубија 45 патници од Македонија, како и за третманот и укажаната грижа кон преживеаните.
– Брзото и успешно затварање на спорот меѓу двете земји беше една од дискутираните теми на оваа средба помеѓу Груби и Ангелов, со цел да се забрза процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ, соопштија од Кабинетот на првиот вицепремиер.
Груби на средбата ја истакна посветеноста на Владата на стратешките цели – почитувањето на Договорот за добрососедство и Преспанскиот договор.
Груби и Ангелов, како што се наведува во соопштението, се согласија дека со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, Македонија и Бугарија поставија одлични основи за добра соработка меѓу двете земји.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори