Груби: Ахмети слави со печалбарите во Кичево, јас дојдов да дадам поддршка на Заев и владината коалиција
По состанокот на коалиционите партнери во Владата, Артан Груби изјави дека сите партии кои се во владината коалиција се против оставката на премиерот Зоран Заев.
- Во отсуство на претседателот, Ахмети кој се задржа во Кичево да ја прослави големата победа заедно со печалбарите кои беа дојдени таму да дадат свој придонес во историската победа во градот Кичево јас заедно со Фатмир Бесими и Бујар Османи учествувавме на состанокот со сите парламентарни партии, дел од парламентарното мнозинство и недвосмислено дадовме поддршка на политиките на Владата, на премиерот и на цела владина коалиција за продолжување со европската агенда на владата, со реформската агенда на владата и немаше ниту еден сомнеж и ниту еден од учесниците на состаноток во однос на парламентарното мнозинство во нашата земја. Исто така би сакал да ве информирам дека сите партнери кои учествуваат со владата беа апсолутно против оставката на премиерот Зоран Заев, изјави Груби.
Ново на Сител
-

Пристигнуваат тестовите за дрога – што треба да знаете?
-

Сејф сити се уште не ги казнува странските возачи, деновиве системот започнува да функционира на ГП “Табановце”
-

Од Охрид стартува „Силно светнал ден“
-

Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години независност стартуваше вечерва од Охрид
-

Тема на денот со Бојан Трајковски, доктор по општа медицина
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
-

Втор ден гори депонијата во Крива Паланка
-

Жештините ја зголемија потрошувачката на струја
