Гроздановска и Јовановиќ победници на Мајскиот коњички турнир
Во организација на клубот Бравадос, на терените во Волково, во текот на денешниот ден се одржаа натпревари од „Мајскиот коњички турнир“ и 1-коло од отвореното Лига – првенство во прескокнување на пречки за 2021 година. Најуспешни беа Леонида Гроздановска и Зоран Јовановиќ.
На првиот натпревар со височина на пречките од 0,90 м, таканаречен „Скокни повеќе“ во време од 80 секунди каде што за секоја чисто прескокната пречка се добиваат два поена, а за секоја прескокната пречка со рушење на истата еден поен, првото место го освои Леонида Гроздановска со грлото Парадизо-Силвано од КК. Анималс, второто место и припадна на Сиља Дуковска со Вовјвотка од КК. Анималс и третото место е за Томевски Бабан со Најтингел од КК. Процес
Во вториотиот натпревар така наречен-растечки потешкотии со височина на пречките од 0.90 до 1.20 со алтернативна пречка Џокер 1-место и 2-место освои Зоран Јовановиќ со грлата Флика и Страординариа од КК, Бравадос и 3-место Леонида Гроздановса со грлото Парадизо-Силвано од КК, Анималс.
За оваа сезона предвидени се четири кола во Лига-првенството и шест кола во Државното првенство.
Ново на Сител
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
