Гроси предупредува: Оштетени се клучни трафостаници, Чернобил остана без надворешно напојување

Надворешното напојување со електрична енергија на неактивната нуклеарна централа Чернобил во Украина е прекинато поради тековните воени дејствија, соопшти денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), пренесува ДПА.
Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси, информираше дека неколку украински електрични подстаници, кои се од витално значење за нуклеарната безбедност, биле погодени од широките воени активности во текот на утрото.
– Нуклеарната централа Чернобил го изгуби целото надворешно напојување. Оштетени се и далноводите кои водат до други нуклеарни централи во земјата, изјави Гроси.
– МААЕ активно го следи развојот на настаните со цел да го процени влијанието врз нуклеарната безбедност, додаде тој.
Централата во Чернобил, која се наоѓа северно од Киев во близина на границата со Белорусија, и понатаму е високо радиоактивна по катастрофалната несреќа во 1986 година. На објектот му е неопходно континуирано надворешно напојување со електрична енергија за одржување на безбедносните операции и за складирање на нуклеарниот отпад.
Прекинот на струјата предизвикува дополнителна загриженост кај меѓународната заедница за стабилноста на нуклеарните капацитети во услови на интензивирање на воениот конфликт.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
