Гром удри во трло со овци и кози

Гром удри во трло со стада овци и кози викендов, при невреме во Кавадарци. Повредени беа две животни, а сопствениците на фармата успеаја да го спасат само едното.
Ѓорѓи Велков раскажа за МИА какво е чувството да се биде сведок на моментот кога на човек му се чини дека се спојуваат небото и земјата.
- Беше страшно. Трештеше на два метра меѓу мене и мојот син, со кого бевме меѓу стоката. Како да се отвори небото над мене, па, чиниш се симна долу да ја допре земјата. Ги погоди двата прча. За среќа нас не не фати. Се подзавртевме лево, десно, колку да се преиспитаме себеси, затоа што во тие моменти на паника, како да не им верувавме на своите сетила дека куртуливме од громот. Едното животно умре веднаш, а другото успеавме да го спасиме полевајќи го со вода и триејќи му го телото со масажа. Не знам дали се спаси поради нашата помош или ете така било пишано. Во меѓувреме се јавувавме по медицински лица за да побараме совет како да постапиме, но за жал и тие не можеа којзнае колку да ни помогнат. Нема да кријам, толку блиску до смртта, бевме исплашени, рече Велков.
За тоа колку била силна експлозијата, додава, говорел фактот што испукала целата внатрешност на настраданото животно.
Ново на Сител
-

Oпозициски прашања во Собранието
-

Реакции по укинувањето на пресудите за Ласкарци и Стевчо Јакимовски од Врховниот суд
-

Претрес на 32 локации за откривање на фалсификаторите на возачки дозволи
-

Мицкоски најавува поевтина струја – Филипче не верува
-

Мицкоски: Mногу бргу ќе има решение за нов клинички центар
-

Пензионерите бараат линеарното зголемување да стане законско - трошоците за живот растат исто за сите
-

Со пари од ИБРД и КФВ до енергетско ефикасни студентски домови
-

Преглед на вестите од светот
