ГРОМ: СЈО дели селективна правда

Претседателот на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Стевчо Јакимовски, денеска оцени дека Специјалното јавно обвинителство (СЈО) дели селективна правда и праша како се бара притвор за градоначалникот на Битола Владимир Талевски, а не се бара притвор за градоначалникот на Струмица Зоран Заев и дали е споредливо нивното политичко влијание.
Според Јакимовски, заканите од мито, корупција и криминал не доаѓаат од Талевски, туку од Заев. - Еве го двојниот аршин во функционирањето на правниот поредок во Република Македонија. На еден начин функционира Државното јавно обвинителство, на поинаков – СЈО. Државното јавно обвинителство, за докажано кривично дело не апси, а СЈО за недокажано кривично дело бара притвор? Ќе ни одговори ли некој од правните душегрижници, колку пати во 365 дена Зоран Заев може да го повтори делото и да бара поткуп, рече Јакимовски.
Колку и да сакаме да не бидеме критички расположени кон СЈО, додаде Јакимовски, да не сме цинични и да не ги омаловажуваме, самите специјални обвинители го прават тоа, така што применуваат селективна правда и селективно го гонат криминалот.
ГРОМ, како што рече Јакимовски, бара од правосудните органи да не прават комбинации и комбинаторики, туку цврсто и сериозно да дејствуваат согласно законските прописи во Македонија.
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
