ГРОМ предлага дополнителни мерки за развој на спортот
ГРОМ ги поздравува предлог решенијата за подобрување на финансиската состојба во спортот со кои се предвидува издвојување на 3 отсто од добивката од игрите на среќа и даночни олеснувања кои ќе обезбедат 1,5 милиони евра, но смета дека овие средства не се доволни и предлага поголеми даночни ослободувања за поддршка на спортот.
- Очигледно е дека спортот е во сериозна криза, спонзори речиси и нема, и добро е што државата прави исчекор напред во подобрување на финасиската состојба во оваа сфера. Со предложената мерка ќе се решат проблемите во финансирањето на спортските федераци, но не и во целост на спортот, рече Стевче Алушевски на денешната партиска прес-конференција.
Тој нагласи дека е неопходно да има спортски објекти, здрави федерации, школувани тренери и организиран систем на спортување во училиштата, општините и регионите за да има квалитетен спорт на државно ниво.
- Затоа ГРОМ смета дека овие средства не се доволни за спортистите да имаат квалитетни, оптимални услови за тренинзи и натпревари во земјата и надвор. Предлагаме поголеми даночни олеснувања на стопанствениците за да имаат поголем интерес за вложување во спортот, како и да се утврди процент од централниот, локалните и буџетите од јавните претпријатија наменет за поддршка на спортот. Тие средства да бидат наменети за школување на тренери надвор од земјава за стипендирање талентирани спортисти и за поддршка на лига натпреварите, судиите, делегатите, службените лица кои сега се на трошок на клубовите, потенцира Алушевски и додаде дека на тој начин за пет до шест години Македонија ќе има освојувачи на медали на големите натпреварувања.
Ново на Сител
-
Две девојки повредени при сообраќајна незгода
-
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-
Жеден еж спасен по пожар во Грција
-
Усвоена информација за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025-2030
-
Мицкоски: Првата препрека ја поминавме, извештајот се очекува на пленарна седница да биде ставен меѓу 7 и 11 јули
-
Заклучоци од седница на Влада
-
Медицински техничар од Србија спаси 4-годишно девојче од Македонија по срцев застој во Неа Врасна
-
Катарскиот премиер се надева дека Израел нема да го искористи примирјето во Иран за да продолжи со бомбардирање на Газа