ГРОМ го осуди потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија
Граѓанската опција за Македонија најостро денеска преку соопштение го осуди потпишувањето на Договорот за, како што велат, наводно добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.
- Во овој договор никаде не се спомнува македонскиот народ, но затоа пак, со него се откажуваме од грижата и поддршката на македонското национално малцинство во Бугарија. Според овој Договор македонскиот јазик е уставна категорија, а да потсетиме дека ние Македонците и кога не сме имале Устав сме имале јазик, стои во соопштението.
Според партијата, која најавува дека нема да ја поддржи ратификацијата на договороот во Парламнтот, чествувањето на заедничката историја од денес започнало со историски фалсификати, при што според зборовите на бугарскиот премиер Борисов, Илинденското востание се трансформирало во Преображенско-Илинденско востание.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце
-
Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија