Грковска на молитвениот појадок во Вашингтон
Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење во техничката Влада, Славица Грковска, од денеска е во посета на Соединетите Американски Држави, каде ќе присуствува на традиционалниот молитвен појадок што ќе се одржи утре во Вашингтон.
Како што соопшти владината прес-служба, во рамки на посетата на САД, Грковска ќе има средба и со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, како и со Брус Шварц, заменик-помошник на Јавниот обвинител на САД. Предвидени се средби и со високи претставници на Меѓународната програма за лидерство на Стејт Департментот и на Бирото на УСАИД за демократија, човекови права и управување.
Грковска во Вашингтон ќе учествува на безбедносен форум посветен на штетното кинеско и руско влијание на Балканот, а на посебен настан на Универзитетот Џон Хопкинс, со аналитичарот Едвард Џозеф ќе дискутира на тема „Зошто е толку тешка борбата против корупцијата во мојата земја“.
Ново на Сител
-
Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз
-
Демири: Разрешувањата на медицинските директори на Кардиохирургија и на Токсикологија се поради пропусти во нивната работа
-
МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури
-
ЕК усвои План за имплементација на Пактот за миграција и азил на ЕУ
-
Мицкоски: Меѓународните договори треба да се почитуваат, но тоа е двонасочна улица
-
Герапетритис утре во Скопје за министерскиот состанок и самитот во рамките на ПСЈИЕ
-
Мицкоски: Во вторник во Собрание ќе биде доставен составот на новата влада
-
Со распит на сведоци продолжи судењето за нападот врз Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб од Охрид