Грковска – Брнз: Продолжува поддршката и соработката за унапредување на демократските процеси и стратешките реформи
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска ја прими амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз.
Брнз беше придружувана од Ерик Јановски, претставник на Канцеларијата на УСАИД и од Слаѓана Србиноска, менаџер-специјалист во американската Агенција.
Амбасадорката Брнз на вицепремиерката Грковска ѝ го честиташе стапувањето на новата должност, потенцирајќи ја отвореноста на САД за соработка и продолжување на спроведување на реформите и системските мерки, кои, како што рече, се од огромна важност за квалитетна борба против корупцијата и за унапредување на евроинтеграцискиот процес.
Грковска ја изрази својата подготвеност за продолжување на досегашните успешно спроведени стратешки цели и приоритети за зацврстување на доброто владеење во државата, со фокус на владеењето на правото, редот, антикорупцијата и безбедноста, како владини политики, важни за сите граѓани на државата.
-Беше констатирано дека досегашните резултати во овие области се солидна основа за остварување на веќе планираната надградба на Планот за борба против корупцијата темелена на четири столба: дигитализација, независно и ефикасно правосудство, професионализација на институциите и превентивни мерки. Грковска и Брнз се согласија дека ќе продолжат со плодната соработка во насока на остварување на стратешката цел на Владата за добро владеење со цел државата да има професионални институции кои работат и остваруваат во полза на граѓаните, наведува владината прес-служба.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ
-
Вработените ќе паркираат на „Лимак“ за да се ослободат повеќе паркинг места на клинички
-
Недостигаат анестезиолози и медицински сестри
-
Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци од 4,8 км
-
Во детското одмаралиште „Малешево“ две децении нема деца