Македонија
24. April 2024 - 11:07

Грк починал во битолско казино

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил донесен Н.К.(62), државјанин на Грција, без знаци на живот.

Лекарот констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот ќе биде дадено да се изврши обдукција. Увид на местото извршила увидната екипа на СВР Битола, информира МВР.