Грк криумчарел мигранти во камион полн со компот од праски
Мобилен тим при Секторот за контрола и истраги во Царинската управа спречил нелегален влез на шест мигранти со потекло од Ирак при контрола на товарно моторно возило на влез на граничниот премин Богородица. Станува збор за товарно моторно возило со грчки регистарски таблички управувано од грчки државјанин.
Притоа, соопштија денеска од Царинската управа, поради оштетување на царинските обележја запленета е и стоката и товарното моторно возило во кое се криеле мигрантите.
- Случајот е откриен откако инспектори од Одделението за оперативни работи при селекција за детален преглед на возилото забележаа преправки во фабричката надворешна конструкција на возилото, со што се овозможува вадење на сајлата и отворање на церадата без да се оштети царинската пломба, појаснуваат од Царина.
Појаснуваат дека со отворање на церадата во товарниот дел меѓу стоката која се превезувала се откриени шесте мигранти, при што се предадени на Министерството за внатрешни работи.
- Стоката или вкупно 23 тона компот од праски, влекачот и полуприколката со вкупна вредност од 2,3 милиони денари привремено се одземени. До Основниот суд во Гевгелија поднесени се и соодветни прекршочни постапки поради прекршување на член 267 и 269 од Царинскиот закон, се вели во соопштението од Царинската управа.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни два пожари, под контрола еден, еден изгаснат
-
Поради лошата традиција со пукање на свадби и прослави, од залутни куршуми за месец дена оштетени пет автомобили
-
На Ќафасан се чека околу 40, а на Табановце и Богородица околу 30 минути
-
Поскапуваат бензините, поевтинуваат дизелот и Екстра лесното масло
-
Уапсен кумановец, возел со 1.80 промили алкохол во крвта
-
Поради дефект без вода делови од Ченто
-
Обид за убиство Струга, едното лице го бодело оштетениот со нож во стомак и врат, другото лице довикувало да го „доврши“
-
Изминатиот викенд 1077 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 314 за брзо возење