Грибаускаите: Не ни треба мост кон САД, комуницираме преку Твитер

Литванската претседателка Далија Грибаускаите ја отфрли најавената нова британска стратегија, Лондон по Брегзитот да се постави како „мост меѓу САД и ЕУ“, нагласувајќи дека на Унијата тоа не е потребно.
- Мислам дека нема потреба од мост... ние со Американците комуницираме преку Твитер, изјави Грибаускаите на неформалниот Самит на ЕУ во Ла Валета, алудирајќи на речиси секојдневените коментари на новиот американски претседател Доналд Трамп на оваа социјална мрежа.
Претходно, британската премиерка Тереза Меј, која присуствуваше на само на почетокот на Самитот во Ла Валета додека се расправаше за безбедносни и имигрантски прашања, ги известила своите европски партнери за нејзнината средба со Трамп во Вашингтон минатиот петок, нагласувајќи дека новиот претседател во САД е „100 отсто за НАТО“.
Меј ги уверувала лидерите на земјите од ЕУ кои се членки и на Алијансата, дека по Брегзитот Велика Британија сака и натаму да има блиски односи со Унијата, нудејќи ја својата „нова позиција“ како мост меѓу Вашингтон и Брисел.
Лондонските медиуми меѓутоа објавија дека европските сојузници на Велика Британија не само што не сметале дека Британците кога ќе бидат надвор од Унијата, треба да бидат третирани како мост на поврзување, туку и побарале од Меј да се определи меѓу Европа или САД.
Реакцијата на литванската претседателка, како и на претседателот на Франција, Франсоа Оланд, кој рекол дека не знае какви се американските позиции кон НАТО, покажуваат дека членките на ЕУ не би сакале да имаат за посредник земја која ја напушта Унијата и притоа да ја застапува Администрација во Вашингтон, која силно навива за Брегзит, констатираат медиумите во Лондон.
Ново на Сител
-

Околу 25.000 Македонци ќе заминат на сезонска работа во странство
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Радев очекува поддршка од Макрон
-

Филипче бара референдум за уставни измени
-

Анкета: Највисока доверба во војската, најмала во судството
-

Ќе се затрупува градежната јама за свлечиштето да не се прошири на околните објекти
-

Помалку патници во градскиот автобуски превоз
-

Во „Аџибадем Систина“ отворен првиот Центар за тироидна жлезда во земјава
