-->
-->
Грција:24-часовен штрајк на лекарите
-->

Грчките лекари денеска започнаа 24-часовен штрајк во знак на протест против новиот закон, согласно кој им се зголемува број на работни часови.
Со новиот закон се предвидува бројот на максимални работни часови да се зголеми од 48 на 60 часа неделно. Синдикатот оцени дека наместо да се бара дополнителна работа од лекарите, да се вработат уште медицинари.
Лекарите, исто така, протестираат и за намалувањето на нивните бонуси, согласно економските мерки побарани од меѓународните кредитори.
За време на штрајкот, државните болници ќе примаат само итни случаи.
Поради финансиската криза, воведен е мораториум за нови вработувања во здравството, па во многу болници работат повозрасни лекари и медицински сестри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ова не се нови бугарски барања, туку истите од 2022 година
-

Пуштена во употреба реновираната спортска сала „Расадник“
-

Пламен и ветер создадоа драма над Штип
-

Охрид и Струга остануваат привлечни дестинации
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
