Грција задоволна од договорот за европскиот дигитален ковид сертификат
Исклучително позитивна разврска, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го карактеризираше договорот меѓу Европскиот парламент и Европскиот совет за дигиталниот Ковид сертификат, јави дописничката на МИА од Атина.
-Привремениот договор за ЕУ- дигитален Ковид-19 сертификат е исклучително позитивна разврска. Грција е силен поборник од самиот почеток, бидејќи тоа ќе ја олесни слободата на движење во рамките на ЕУ и ќе придонесе во напорите за економско закрепнување, напиша Мицотакис на Твитер.
Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милтиадис Варвициотис, исто така, преку Твитер, коментираше дека зелениот дигитален сертификат го отвора патот за безбедни патувања во ЕУ во текот на летото.
-Се спроведува во пракса иницијативата на премиерот на Грција за воспоставување европски сертификат за вакцинација, напиша Варвициотис.
Кон средината на јануари, преку допис до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, но и до шефовите на државите на Унијата, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис предложи усвојување на стандардизиран сертификат за вакцинација за слободно движење на граѓаните кои веќе се вакцинирани.
Ново на Сител
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
-

Ќура - работиме на предлог закон за плажи
-

Вечерва заседава Советот за безбедност на државата
-

Тема на денот со Ивон Величковски, Движење Нова Република
-

Војна на Блискиот Исток – одекнуваат експлозии ширум регионот, расте бројот на загинати и повредени
-

Колку македонски граѓани побарале да бидат евакуирани од кризните региони?
-

Разговор со Ангела Николовска, Македонка која живее во Доха, Катар
-

Опозицијата со поддршка за САД во нападите против Иран
