Грција воведува попладневни операции во државните болници на трошок на пациентите

Со цел да се намали времето на чекање на пациентите за хируршки интервенции, Грција воведе попладневни операции во државните болници кои ќе бидат на трошок на граѓаните, а за денеска во Солун се закажани првите вакви операции, што воедно е и почеток на имплементација на новата реформа во грчкиот здравствен систем, јави дописничката на МИА од Атина.
На денешните операции закажани во две солунски болници, според најавите, ќе присуствуваат министерот за здравство Адонис Георгиадис и неговиот заменик Мариос Темистоклеус.
Според Георгиадис, од 125 болници во Грција, само пет пријавиле дека не е изводливо да вршат операции во попладневните часови, а од клиниките, над 150 пројавиле интерес.
Минатата седмица во Службен весник беше објавена министерската одлука за попладневните операции, а министерот за здравство на Грција тогаш истакна дека целта е од една страна да се намали времето на чекање, а од друга да се зголемат приходите на лекарите и медицинските сестри.
– Отсега илјадници пациенти кои со месеци и години чекаат да бидат оперирани, ќе можат да најдат излез во попладневните операции по цена многу пониска од приватните клиники, истакна Георгиадис.
Според министерската одлука, операциите се поделени во шест категории: многу мали, мали, средни, големи, тешки и екстремно тешки, а цените се движат од 300 евра до 2.000 евра во зависност од сложеноста на операцијата.
Заменик-министерот за здравство на Грција Мариос Темистоклеус во интервју за весникот „Врадини“ истакна дека попладневните операции во државните болници имаат многу пониски цени отколку во приватниот сектор.
Како пример спомена дека една попладневна операција што во државна болница чини 500 евра, кај приватните е над 1. 800 евра.
Ново на Сител
-

АХВ за овчата сипаница: Доставена е информација за донација на вакцини до Европската Комисија и Република Турција
-

Осум активни пожари низ државата
-

Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита за сите граѓани во државата, вклучително и за бугарската заедница
-

СВР Велес го расчисти случајот со уништување на урбаната опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес
-

Костадиновски - Шасивари: Институционалниот дијалог е клучен за унапредување на владеењето на правото
-

Мицкоски: За трипати пократок период имаме 120 милиони евра поголем раст на БДП
-

Билансот од катастрофалниот земјотрес во Колумбија достигна 314 жртви, се трага по уште стотици
-

Министерството за правда на САД тврди дека поранешниот директор на ФБИ му се заканувал на Трамп
