Грција организира работен појадок во Брисел ЕУ – Македонија и Албанија
Работниот појадок што во понеделник го организира Грција во Брисел со шефовите на дипломатиите на земјите членки на унијата и на Македонија и Албанија е корисна можност за плоден дијалог и зајакнување на европската перспектива на двете земји, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, Александрос Гениматас на денешниот редовен брифинг со новинарите и додаде дека до сега над 18 шефови на дипломатиите од ЕУ го потврдиле присуството, јави дописничката на МИА од Атина.
-Во понеделник наутро Грција организира во Брисел неформален работен појадок на Европската унија со министерот за надворешни работи на Македонија и вршителот на должност министер за надворешни работи на Албанија со порака зајакнување на поддршката на нивниот европски тек. Ќе биде корисна можност за плоден дијалог и сите присутни да разговараме и да ги изразиме позициите каде се наоѓаме. Присуството, веќе го потврдија над 18 министри за надворешни работи на унијата, рече Гениматас.
Во однос на посетата на Дендиас на Скопје и средбите со македонскиот државен врв, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, рече дека во фокусот на разговорите биле билатералните односи, европската перспектива на Македонија и темите поврзани со регионот.
Ново на Сител
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија