Грција ќе го зајакне притисокот кон соседите кои не прифаќаат бегалци

Грција ќе го зајакне ставот кон соседните држави кои не прифаќаат бегалци, изјави денеска грчкиот министер за миграција Јанис Музалас за радиото „Практорио“, истакнувајќи дека Грција ќе го интензивира дипломатскиот притисок.
- Полициски началници на пет земји од Вишеградската група и за жал на Австрија, ја укинаа одлуката на премиерите на ЕУ, која беше донесена пред 15 часа. Овие работи се без преседан за европската идеја, рече Музалас.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, тој информира дека бегалците од Авганистан, кои ја блокираа железничката пруга на грчко-македонската граница во Идомени се отстранети и во моментов се на пат кон Атина, каде што ќе бидат сместени во „специјални места“.
Музалас ги повика сите грчки граѓани да помогнат и оцени дека состојбата многу наскоро ќе биде под контрола.
- Имаме план и ние се бориме. Ќе успееме, рече тој.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
