Балкан
14. August 2015 - 10:34

Грција го одобри договорот за трет пакет финансиска помош од кредиторите

Со 222 гласа „за“, 64 „против“ и 11 „воздржани“, грчкиот парламент го одобри новиот договор постигнат меѓу Владата и кредиторите за третиот пакет финансиска помош за државата. Гласањето се одржа по седумчасовни дебати.

Премиерот Алексис Ципрас го оквалификува договорот како „принуден избор“. Истакна дека до тој избор се стигнало откако државата била соочена со дилемата - Или меморандум со еврото или меморандум со драхмата.

Ципрас ќе побара гласање за доверба на Влдата од парламентот по 20 август кога стигнува плаќањето на оврски кон ЕЦБ, јави локалната Скај.