Грција бара бродови на Фронтекс за справување со бегалскиот бран

Грција побара засилувања од бродови на Европската агенција за контрола на надворешните граници на ЕУ, за да ги враќа во Турција од своите острови оние лица за кои е проценето дека не можат да добијат азил во Европа, изјави синоќа грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас.
Тој, според дел од француските медиуми, ова барање го соопштил пред грчките новинари при посета на Берлин, велејќи дека барањето веќе го доставил до својот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер, соопшти грчката новинска агенција АНА.
Побарани биле стотина бродови. Над 850.000 бегалци и мигранти влегле во Европа во 2015 година од Егејското Море, преку турскиот брег.
Во моментов Фронтекс во Егејското Море има15 патролни бродови за да им помага на грчките граничари во мисиите за надзор и при спасувачки операции.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со манипулации прави лажен проевропски имиџ
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
