-->
-->
Грчко МНР за вчерашната средба меѓу Коѕиас и Попоски
-->

Грчкото Министерство за надворешни работи денеска издаде кусо соопштение за вчерашната средба на министерот за надворешни работи Никос Коѕиас со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, на маргините на самитот на НАТО во Варшава.
- За време на средбата, двајцата министри за надворешни работи разговараа за прашања од билатералната соработка, со акцент на промовирање и спроведување на мерките за градење доверба меѓу двете земји, а разговараа и за состојбите во регионот“, се вели во кусото соопштение на грчкото МНР.
Други детали за средбата не се соопштуваат, ниту пак грчките медиуми засега објавуваат подетални информации од свои извори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со 64 гласа Собранието го усвои ребалансот на буџетот
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ
-

Гостиварци може да ја користат водата како техничка, но не и за пиење
-

Непочитувањето на мерките може да ја продолжи епидемијата во Гостивар
-

Поскапуваат бензините, дизелот и парното греење
-

Дополнетиот ребаланс на буџетот на пленарна седница
-

Шпанскиот државен секретар за ЕУ во посета на Македонија – интеграциите и односите со Бугарија во фокус на разговорите
-

Без дозвола и без регистрација – малолетници дивеат во сообраќајот
