-->
-->
Грчките власти продолжуваат со префрлање мигранти од островите
-->
Префрлањето мигранти од преполнетите кампови на грчките острови во Егејското Море во континентална Грција продолжува и во текот на викендот, јавија локални медиуми.
Вкупно 415 мигранти вчера беа донесени со брод на ВМС до пристаништето Елеусина, западно од Атина. Попладнево се очекува да пристигнат дополнителни 380 мигранти.
Тие биле на островот Лезбос во кампот Морија, каде има 10.000 мигранти во простор наменет за само 3.000.
Висок грчки владин претставник изјави за западни медиуми дека владата планира да префрли 5.000 мигранти во континентална Грција во наредните 15 дена. Тие ќе бидат сместени во хотели бидејќи е завршен „пикот“ во туристичката сезона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Штип ќе се гради медицински факултет и студентски дом
-
Власта и опозицијата со обвинувања за пожарите
-
Вековна традиција оживеана со нови младенци
-
Се отвори завесата на фестивалот Охридско лето
-
Георгиј устоличен за митрополит во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација