-->
-->
Грчките новинари во 48-часовен штрајк
-->
Синдикатите на грчките новинари за денеска и утре закажаа 48 - часовен штрајк.
Тие протестираат поради неуспешен договор меѓу Владата и работодавачите за спас на новинарскиот фонд за здравствено осигурување (ЕДОЕАП). Медиумските работници не се задоволни затоа што фондот нема финансии и не може да ги исполнува своите функции, поради што вработените во медиумите немаат никакво здравствено и друго осигурување.
Поради штрајкот нема да работи ниту државната новинска агенција АНА - МПА. Протестот почнува од денеска во шест часот наутро и ќе трае до четврток во исто време.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада