Грчките хотелиери сокриле четири милиони евра приход
Генералниот секретаријат за јавни приходи на Грција регистрира значително даночно затајување во хотелите и другите сместувачки капацитети за време на летниот период.
Новиот тип на контроли кои Генералниот секретаријат за првпат ги примени, открија огромни разлики меѓу приходите кои ги пријавиле хотелите и бизнисите за изнајмување соби, и оние кои ги пресметале инспекторите преку индиректни начини.
Според податоците, регистрирани се отстапувања од проценетите приходи во вредност од четири милиони евра. Во некои случаи хотелите пријавиле нула приходи или неколку десетици евра, а проценетиот реален износ бил 180.000 евра.
Генералниот секретар за јавни приходи, Јоргос Питсилис изјави дека иснпекции биле извршени во 2.123 сместувачки единици, вклучувајќи 1.548 хотели и 578 бизниси за изнајмување соби.
Ново на Сител
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам