Грчките цариници запленија над 1.000 боци нелегален фреон, дел од нив откриени во пратка од нашата земја

На граничните премини Дојран/ Дојрани кон нашата земја и Кипи кон Турција, при проверка на две товарни возила кои влегле во Грција, царинските службеници на грчката Независна управа за јавни приходи (ААДЕ) откриле и заплениле вкупно 1.296 боци нелегална разладна течност (фреон), а избегнатите царини и даноци се проценуваат дека надминуваат 338.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина.
Од боците со нелегален фреон, 1.000 биле скриени во камион со турски регистарски таблички, а останатите 296 во камион што во Грција дошол од Македонија.

Од ААДЕ соопштија дека во рамки на насочените активности за сузбивање на шверцот и заштита на животната средина, во петокот на 7 август 2026 година, биле извршени контроли на двата копнени гранични премини, едниот кон нашата земја, другиот кон Турција.
- Во раните утрински часови истиот ден, на граничниот премин Дојрани, при контрола на празен товарен контејнер од Северна Македонија, во специјално направена преграда биле откриени 296 боци нелегална разладна течност од типот R134a, за кои царините и даноците се пресметуваат во износ од 55.000 евра, соопштија од ААДЕ.
Во исто време, на граничниот премини Кипи кон Турција при контрола на товарно возило со приколка со турски регистарски таблички, биле откриени 1.000 боци фреон од типот R404A, што биле „внимателно скриени под пријавениот товар од гипс-картонски плочи“, а се п
- Увозот на оваа течност во ЕУ е забранет. Вкупната вредност на товарот изнесува 884.400 евра, додека избегнатите царини и даноци се проценуваат на 283.538,64 евра, пишува во соопштението од Независната управа за јавни приходи на Грција.

Додадоа дека целиот нелегален товар и од двата случаи е запленет и се спроведени предвидените законски постапки.
МИА
Ново на Сител
-

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
-

Русија ја бомбардираше Украина со комбиниран напад на роденденот на Путин
-

Меси: Дадов сè за Аргентина
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
-

Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците
