Македонија
25. July 2015 - 16:53

Грчките цариници со автобус ги носат мигрантите на македонската граница

18 752 потврди за признавање на право на азил издало МВР на странски државјани кои илегално влегуваат во државата. Во период од еден месец откако се направени законските измени, ваква потврда само од  Сирија добиле 13 747 лица. Мигрантите доаѓаат во се поголем број на лето. Со новите измени бегалците имаат право да добијат дозвола за 72 часовен престој во Македонија .

Откако МВР ги издава потврдите до вчера, одделението за Азил добило  41 барање за признавање на право на азил врз основа на претходно добиена потврда. 31 од нив се на државјани на Сирија а од нив 10 се деца.Останатите барања се на мигранти од Пакистан, Мроко Алжир, Ирак и Египет. На границата со Грција од ден на ден пристигнуваат се поголем број бегалци. И додека Грција прокламира солидарност на терен делува поинаку. Ови скандалозни снимки кои ги регистрираше камерата на јавниот сервис покажуваат дека грчките власти организирано со автобуси ги носта мигрантите на границата со Македонија за да не им се на товар. Доаѓаат изнемоштени и со повреди. Црвениот Крст на Македонија има свои волонтери кои секојдневно им помагаат, прават преврски и им укажуваат прва помош. Општина Гевгелија побара да се зголеми бројот на возови од градот и од Миравци. Оттаму велат се загрижени за безбедносните, здравствени и комунални проблеми на жителите на градот, бидејќи бројот на мигранти се зголемува. Мигрантите престојуваат на железничката, автобуска станица и околните зелени површини.