Грчкиот Парламент ги усвои новите економски мерки
Грчкиот Парламент ги усвои синоќа новите економски мерки.
Законот го поддржаа 153 пратеници од владиниот блок на Коалицијата на радикалните леви сили (СИРИЗА) и партијата „Независни Грци“ во 300-члениот Парламент.
Новите построги економски мерки беа усвоени во пресрет на утрешниот состанок на Еврогрупата.
Освен создавањето нов фонд за управување на средствата, добиени од приватизацијата на државната сопственост, новиот закон предвидува зголемување на голем број индиректни давачки, со што Владата се надева дека ќе собере дополнителни 1,8 милијарди евра.
Се предвидува зголемување на даноците на недвижен имот и коцкарниците, а исто така и врз взамните фондови и компаниите за управување со хартии од вредност, доколку нивните годишни приходи се над 33 милиони евра.
Од 1 јуни се зголемува ДДВ од 23 на 24 отсто, отпаѓаат преференцијалните ставки за истиот данок за островите, се зголемуваат даноците за автомобилите. Поскапување ќе има и во телекомуникациските услуги, како и кај акцизите на цигарите и алкохолот.
Атина се надева дека усвоените мерки пред состанокот на Еврогрупата ќе и помогнат да ги добие средствата, кои и се потребни за плаќање на долговите.
- Грците веќе платија многи, но можеби првпат има толку голема можност овие жртви да бидат последните, рече пред пратениците пред гласањето премиерот Алексис Ципрас.
Ново на Сител
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава
-
Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра
-
Намалени производството и продажбата на шумски производи
-
Тинејџерка со автомобил излетала од патот, тешко повредена сопатничката
-
За 216,2 отсто зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Закани кон претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска, пријавено во МВР
-
Совет на Европа: Македонските затвори се почисти, но во нив и натаму има корупција и лош третаман
-
СПМ: Не сме изненадени од изјавите на одредени домашни лица и нивното упорно користење на „северна“