Грчки владин претставник за соопштението од МНР: За жал некои играат игри
Некои, за жал, инсистираат да играат игри, бил коментарот на грчки владин претставник за грчката новинска агенција АНА-МПА, во врска со вчерашното соопштение од македонското МНР.
- Имаме добар договор на маса, што, како што рече премиерот на ПЈРМ, треба набргу да се затвори. За жал некои инсистираат да играат игри, вели владин претставник за грчката новинска агенција, коментирајќи го соопштението од македонското МНР.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчките медиуми кои ги пренесуваат, како соопштението од Министерството за надворешни работи на Македонија, така и одговорот од грчка страна.
Македонското МНР вчера соопшти дека квалитетот на текстот на договорот и постигнувањето трајно и одржливо решение прифатливо за двете страни, се далеку поважни од потребата процесот да се финализира во каков било рок.
Ново на Сител
-
Зеленски: Украина ќе и претстави конкретни мерки на Русија на вториот мировен самит
-
Посебен сообраќаен режим во општина Илинден поради велосипедска трка
-
Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања
-
Малолетник натепан од свои врсници во Аеродром - Еден снимал, другите физичките го нападнале
-
Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на Самитот за мир во Украина
-
Недела неработен ден за верниците од муслиманска вероисповед
-
Руски воен авион го наруши шведскиот воздушен простор
-
Истрага за двојното убиство во Кратово