Грчки министер „заборавил“ да пријави годишен приход од еден милион евра

Властите во Атина имале „проблеми“ со двајца владини членови, откако било откриено дека тие заборавиле да ги пријават своите годишни приходи, пренесуваат грчките медиуми.
Првиот случај се однесува на министер, кој во период од три години заборавал да ги пријави своите приходи во висина од еден милион евра. Сепак, тој тоа го направил годинава, внесувајќи ја вкупната сума во даночната пријава.
Вториот случај е претставник на кабинетот, кој имал акции во приватна компанија.
Телевизијата Мега тврди дека има уште пријави за неплатени даноци на еден актуелен и еден поранешен пратеник, како и дека тие останува да бидат проверени од финансиските власти.
Поранешен претседател на парламентарната комисија, одговорен за имотната состојба на службениците, Деспина Харалмбиду објави, дека за време на својот мандат добила од претходниот состав на комисијата повеќе сигнали за неисполнети даночни обврски од страна на пратеници и министри.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

75 годишна жена почина - Возачот побегнал откако ја прегазил во центарот во Скопје
-

Филипче не се откажува од техничка Влада, Мицкоски пак, не се откажува од лидерска средба
-

Обвинителката Ленче Ристоска бара извинување од премиерот Мицкоски, од Влада велат дека се зачудени
-

Во недела ќе се бира градоначалник во четири општини
-

На располагање сите човечки и материјални ресурси
-

Зголемен број на пациенти со грип на инфективна после нова година - Едно лице е во критична состојба
-

Лажен лекар успеал со измама да „заработи“ близу 20 000 евра
