Грчки министер ги повика морнарите да го прекинат штрајкот
Грчкиот министер за морска трговија и островска политика Панајотис Курумблис го повика синдикатот на морнарите да го прекине штрајкот, велејќи дека причините за протестот се во нивната „имагинација“.
- Причините за штрајкот се прашање на имагинацијата на некои луѓе. Ако тие веруваат дека можат да издржат удар врз Владата, мора да знаат дека во суштина се судираат со општеството, изјави тој.
- Тие ги доведоа островите во многу тешка ситуација. Мојата канцеларија се удави во жалби и поплаки од страна на префекти, градоначалници, комори, организации и граѓани. Секој мора да сфати дека постојат мали острови без комуникација и без аеродроми ... синдикатот на морнарите мора да ја преиспита својата позиција и да се врати на логично решение за проблемот, додаде Курумблис.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата