Грчки медиуми: Трагедија во Северна Македонија
„Трагедија во Северна Македонија“ е насловот што преовладува во текстовите објавени од грчките медиуми за вчерашната несреќа на автопатот Скопје – Гостивар, јави дописничката на МИА од Атина.
Уште синоќа дел од медиумите во Грција објавија за страшната сообраќајна несреќа и првичната информација за пет загинати, а во текот на вечерта ги обновуваа и дополнуваа текстовите, како што се зголемуваше бројот на жртви.
Утрово пак, медиумите ја преземаат и пренесуваат веста под наслов „Дводневна национална жалост во Северна Македонија за 14 загинати во превртување на автобус“, објавена од грчката новинска агенција АНА-МПА.
-Уште еден повреден им подлегна на повредите по превртувањето на автобус во близина на Скопје, со што бројот на починати се зголеми на 14. Од околу 30 повредени што се хоспитализирани во болниците во Скопје, најмалку шест се борат за живот, пишува АНА-МПА.
Во текстот спомената е синоќешната владина седница и одлуката денеска и утре да бидат денови на жалост, а пренесена е и изјавата на премиерот Зоран Заев.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа

