Грчки медиуми: Северна Македонија го намали речиси за половина ДДВ-то на горивата

„Северна Македонија: „Кратење“ на ДДВ-то на горивата за да се задржат цените на бензинските пумпи“; „Северна Македонија го намалува на половина ДДВ-то на горивата за да го запре покачувањето на цените“; „Северна Македонија го намали речиси за половина ДДВ-то на горивата“; „Владата во Скопје го намалува ДДВ-то на горивата“, „Северна Македонија го намалува ДДВ-то на горивата поради војната на Блискиот Исток“, се дел од насловите во грчките медиуми за владината одлука за намалување на данокот на додадена вредност за горивата со цел да се спречи енормниот скок.
Медиумите во Грција коментираат дека „уште една земја воведува драстични мерки за запирање на поскапувањата поради војната на Блискиот Исток“, дека земјата презема мерки за високите цени на горивата и објаснуваат дека ДДВ-то се намалува на 10 од 18 отсто што ќе важи за бензинот и дизелот за следните две седмици.
-Владата на Северна Македонија соопшти намалување на ДДВ-то на горивата, во обид да ги ограничи поскапувањата на цените предизвикани од војната на Блискиот Исток. Одлуката предвидува речиси преполовување на данокот, со цел да се задржат цените на бензинските пумпи, пишува онлајн изданието на весникот „Та неа“.
-ДДВ-то на бензинот и на дизелот ќе се намали од 18 на 10 отсто, изјави премиерот Христијан Мицкоски пред новинарите по седницата на владата посветена на ова прашање, објави државната телевизија ЕРТ.Грчките медиуми објаснуваат дека одлуката стапува во сила денеска, ќе важи во следните две седмици и ја пренесуваат изјавата на премиерот Мицкоски дека „цената на бензините ќе остане иста, а цената на дизелот да се зголеми околу 3 до 3,5 денари (0,04 до 0,05 центи) по литар“.
Дополнително, повикувајќи се на податоците од француската новинска агенција, пишуваат дека цените на бензинот и на дизелот вчера се зголемија на околу 1,40 и 1,49 евра за литар.
Во Грција, во однос на горивата, пред две седмици, со одлука на Владата беше воведен плафон на профитната маржа што не смее да надмине 5 центи по литар гориво во големопродажбата и 12 центи на бензинските пумпи во Грција, додека пак претпладнево грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе соопшти нови мерки за поддршка на граѓаните, меѓу кои се очекува да биде вклучен и бензинот.
Утрово, цената на бензинот во Атина е над 2 евра.
МИА
Ново на Сител
-

Две лица приведени и запленети 65 килограми марихуана кај Градско
-

Зголемена дневна фрекфренција од албански граѓани на ГП „Ќафасан" за набавка на нафта и храна во Македонија
-

Клековски: Законот за забрана на пушењето ќе биде најпрогресивен, но ќе треба масовна поддршка за да се спроведе
-

АВМУ: Партиите да не етикетираат новинари, а медиумите да ги почитуваат новинарските стандарди
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно возење
-

Зеленски пристигна во Истанбул на разговори со Ердоган
-

Иран им дозволи на хуманитарните бродови да поминат низ Ормуската Теснина
-

„Нов живот за езерото“ - еко акција за чистење на дното на Охридското Езеро во Радожда
