Границите се отворија, условите за влез и излез остануваат непроменети
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од денеска , среда 17.06 отворени се сите гранични премини во Република Северна Македонија наменети за меѓународен граничен сообраќај при што условите за влез и излез на наши и странски државјани се останати непроменети.Согласно Одлуките и мерките на Владата на Република Северна Македонија : - МКД државјани можат да остварат непречен излез од РСМ, при што на граничен премин пополнуваат изјава со која изјавуваат дека РСМ поради настанатата состојба со КОВИД -19 нема да биде во можност навремено да им помогне околу нивното враќање; - Во Република Северна Македонија е дозволен влез на МКД државјани и странци со регулиран привремен или постојан престој во РСМ под услов истите да имаат валиден негативен PCR тест (изработен од нос и грло), не постар од 72 часа од денот на издавањето на тестот со што истите добиваат Наредба и пополнуваат изјава за домашна самоизолација во траење од 14 дена. - На влез во Република Северна Македонија , МКД државјани и странци со регулиран привремен и постојан престој кои немаат PCR тест се упатуваат во задолжителен државен карантин во времетраење од 14 дена ( истите со организиран превоз и полициска придружба се упатуваат во некој од претходно утврдени објекти). - странските државјани можат да транзитираат низ територијата на РСМ (преку сите копнени гранични премини), под што се подразбира влез на еден граничен премин а излез на друг граничен премин при што имаат обврска при транзитот да не се исклучуваат од соодветниот автопат или локален пат и транзит да се реализира за најмногу 5 часа, за што пополнуваат соодветна изјава.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Никола Најдовски, градоначалник на Демир Хисар
-
Градежните компании ги билдаат цените на становите, а не го плаќаат цел данок
-
Билјана Ивановска влегува во градоначалничката трка во Центар
-
Министерството за правда и ДИК бараат решение за независните кандидати
-
Младата Вања апелира министерството да обезбеди инсулински пумпи на сите пациенти со дијабетес Т1 на кои им е потребна
-
Судење за екс обезбедувачот на премиерот, се презентираа снимки
-
Македонското малцинство во Бугарија не постои во последниот извештај на Стејт департментот
-
Огнот се приближи до објектите на ЈП Јасен – сите сили фокусирани на Јасен