Граѓански протест во Охрид против насилството врз жените
Охрид не молчит ,Секоја една може да е следна ,Непостапувањето има последици беа само дел од пораките на протестот во Охрид организиран, против фемицидот, родово базираното и семејно насилство и институционалното непостапување но и од последниот случај со 26 годишната Сара која беше претепана до бесsознаноие од својот партнер.
Таткото на Сара Љупчо Ѓорѓиески со нејзина фотографија на која се гледаат модринки на лицето се приклучи на протестот и порача ниту еден родител да не го доживее истото.
Граѓаните на денешниот протест побараа одговорност од институциите и поголема заштита на жртвите
Протестот доаѓа по немилиот настан кој се случи на 15 ти ноември околу два часот по полноќ во кој охриѓанката Сара беше претепана и се здоби со тешки телесни повреди .
Основниот суд во Охрид му одреди 30-дневен притвор на 31-годишниот Кристијан против кого е поднесено обвинение за нападот врз својата 26-годишната партнерка.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
