Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ со протестен марш во Кавадарци

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечерва организираше протестен марш во Кавадарци.
Од градскиот плоштад беа повторени барањата за неприфаќање на тиранската платформа и зачувување на унитарноста на државата. Пред присутните говореше историчарот Светлана Јосифова, која рече дека нема да се спроведува никаква платформа, се додека се маршира низ улиците на цела Македонија.
- Со ништо нема да не заплашат да отстапиме тие што ги урнисаа уставот и деловникот како во ниедна друга земја, што е недозволиво. Нема да не скршат. Ги охрабруваме невините и неоправдано притворените и обвинетите луѓе кои само си ја бранеа државата, да издржат бидејќи правдата ќе излезе на виделина. Да можевме и ние над 250.000 луѓе ќе влезевме во Парламентот за зачувување на татковината, нагласи Јосифова.
Со демократски средства, посочи, продолжува борбата за ова парче земја и нема да се потклекне под никакви закани.
Таа повика да му се оддаде почит на великанот Гоце Делчев, потсетувајќи дека пред 114 години, од предавници бил предаден за да биде убиен. Протестите продолжуваат до исполнување на барањата.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со манипулации прави лажен проевропски имиџ
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
