Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ по четврти пат со протестен марш во Кавадарци
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва по четврти пат одржа протестен марш во Кавадарци. Пред присутните се обрати Јанушка Милкова, професор по македонски јазик.
-Документот којшто е предложен од ДУИ, а го прифати СДСМ, е противуставен, испорачан од друга држава, очигледно со цел да се подели Македонија. Но, ние народот, апологетите на Македонија, ќе продолжиме со протестите, додека не се повлече платформата, рече Милкова.
Притоа нагласи дека нема да се дозволи уривање на македонскиот јазичен и културен идентитет.
– Не дозволуваме формирање бинационална држава меѓу Македонци и Албанци. Нашата цел е Македонија да биде мултиетничка, со граѓански карактер, а не бинационална држава, посочи Милкова.
Таа рече дека нема да се дозволи човекот којшто никогаш не изговорил ниту еден македонски збор да „не уценува и да ни наметнува ние и нашите деца задолжително да зборуваме албански”. Освен со двојазичноста, нагласи, тој уценува и со промена на името, знамето, грбот и химната.
Според неа, тоа ниту е прифатливо, ниту пак ќе се дозволи. – Нема да се дозволи губење на јазикот, идентитетот, државата, додаде Милкова.
Ново на Сител
-
Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС
-
Притвор за малолетникот кој извршил обид за убиство врз 55-годишен маж од скопско
-
Утре сончево и многу топло
-
АХВ воведе мерки на засилен надзор на болеста чума кај малите преживари
-
ДСЗИ: При инспекциските надзори во врска со смртта на детето од Кавадарци не се констатирани недостатоци од наша надлежност
-
Возач од кочанско со 2,25 промили алкохол во крвта управувал автомобил
-
Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во дискотеката во Кочани
-
Повредени двајца работници во Пробиштип и Пехчево